ПАНЕЛИ
Панелите се сложени, самоносечки структурални елементи, создадени и наменети за изведба на фасади, кровови и сл. Панелот може да биде тип А или тип Б. Панелот тип А се состои од горен и долен поцинкуван пластифициран лим и внатрешен слој од само-гасива полиуретанска пена. Надворешниот лим на панелот е трапезоиден (Ribdeck 1000), со пет трапезоиди 40mm-високи, кои се повторуваат на хоризонтално растојание од 250mm. Долниот лим може да се појави во три варијанти и тоа : да е рамен, ситно реброван или крупно реброван. Се препорачува падот на површина која ќе се покрива со панели да биде поголем од 7%. Кај панели од тип Б , надворешната страна е од поцинкован лим, внатрешниот слој е од полиуретанска пена, додека разликата е во долниот слој. Тој може да биде изработен од алуминиумска хартија или алуминиумска фолија. Панелите се обложени со заштитна PVC фолија, која мора да се отстрани веднаш по монтажата.
- Панели од полиуретански сендвич обложен од двете страни со поцинкуван пластифициран лим кој ги исполнуваат НАССР нормативите.
- Материјали со различни дебелини кои обезбедуваат еднаква изолација.

- Детален приказ на спојување на панелите
- Дебелини и карактеристики на панелите